Достапни линкови

Беџети и Волерс повикаа да се почитува законот по инцидентот во Гостивар


Американскиот амбасадор во Македонија, Пол Волерс

Американскиот амбасадор во Македонија, Пол Волерс

Министерот за правда Блерим Беџети и американскиот амбасадор Пол Волерс денеска по инцидентот во Гостивар порачаа дека треба да се почитуваaт законот и правните процедури. По денешната промоција на кампањата „За општо добро“ финансирана од Амбасадата на САД во Македонија, Беџети изјави дека истрагата за случајот е во тек и нема нови сознанија.
Според Волерс, ова е добар пример каде концептот на владеење на правото треба да се примени и да се види дали полицијата ја врши својата истражна работа и дали процедурите што се применуваат се согласно законот.
XS
SM
MD
LG