Достапни линкови

logo-print

Ховит-решението за името ќе произлезе само од преговорите меѓу Македонија и Грција


Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Ричард Ховит.

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Ричард Ховит.

Пресудата на Меѓународниот суд во Хаг во корист на Македонија меѓународните институции треба да ја почитуваат и таа придонесува за надминување на проблемот, но решението за спорот со името ќе произлезе само од преговорите. Ова во интервју за МИА го истакна известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Ричард Ховит.
Во март Парламентот треба да го усвои извештајот за напредокот на Македонија за 2011 година, во кој Ховит ја враќа придавката македонски. Според него некои негови колеги веќе му најавиле дека ќе се изјаснат против извештајот.
Ховит додава дека едено од решението за Макеоднија може да биде предлогот за постоење на временска рамка во која би отпочнал скрининг процесот. За таа цел би се формирале тимови во Брисел и во Скопје кои би работеле на техничкиот дел за подготовка за почеток на преговорите за членство во ЕУ и парлалено би се воделе преговорите за решавање на спорот со името со Грција.
XS
SM
MD
LG