Достапни линкови

Повредени 20 лица при две експлозии во Авганистан


Најмалку 20 лица се повредени при две експлозии во Авганистан. Едниот напад бил извршен врз конвој на НАТО силите, а другиот врз банка во североисточниот дел на земјата. Министерството за внатрешни работи соопшти дека мета на бомбашот самоубиец му биле возилата на НАТО во градот Лашкар Гах во покраината Хелманд. Седум лица, меѓу кои две деца и еден полицаец се повредени.
Додека при експлозијата на бомба пред банка во покраината Тахар се повредени 13 цивили.
XS
SM
MD
LG