Достапни линкови

logo-print

Лесно запаливи меѓуетнички односи


Полицаец уби двајца луѓе во Гостивар, 28 февруари 2011.

Полицаец уби двајца луѓе во Гостивар, 28 февруари 2011.

Малку недостасува да пламнат меѓуетнички тензии. Вчерашното убиство на две момчиња во Гостивар од страна на полицаец може да иницира нови инциденти, а сето тоа може да се спречи само ако функционира првната држава, велат експертите.

Дури и банална расправија околу паркинг место може да ги подгрее меѓуетничките тензии во мултиетничка држава во која има традиција на насилства, голема невработеност, сиромаштија, исполитизираност во сите слоеви на општеството. Вчерашното убиство на две момчиња во Гостивар од страна на полициски службеник кој не бил на работно место, може да ја продлабочи опасноста одредени радикални групи да сторат нов инцидент, овојпат на меѓуетничка основа, предупредува универзитескиот професор Мирјана Малеска.
Секогаш постои опасност да се искористи некој банален инцидент, еве караница околу паркинг место за да се подгреат меѓунационални тензии, страсти, ако тоа одговара на некого, или да кажам на некои политички радикални сили.

„Секогаш постои опасност да се искористи некој банален инцидент, еве караница околу паркинг место за да се подгреат меѓунационални тензии, страсти, ако тоа одговара на некого, или да кажам на некои политички радикални сили.“

Малеска се надева дека до таков развој на настаните нема да дојде, иако секој инцидент од ваков карактер може да биде злоупотребен. Таа вели дека за да се спречат нови меѓуетнички тензии потребно е да проработат институциите на судскиот систем, но и да се промени општата клима во земјава.

„Да речеме дека во вакви случаи ќе проработи правдата, правосудниот систем, да се види кој е навистина виновен, кои се причините за инцидентот, дали не е употребена прекумерна сила, значи институциите на власта треба ефикасно и праведно да реагираат во овој случај“, вели
Веројатноста се зголемува со зголемувањето на неодговорното однесување на институциите, ова може да се смири единствено само со одговорно однесување на сите институции, сите политички партии, одмерени изјави и во секој случај владеење на правото, одговорниот да одговара за тоа што го сторил.
Малеска.

Натамошни инциденти кои би можеле да го влошат меѓуетничкиот соживот можат да се спречат само со одговорно однесување на надлежните институции и политичките чинители, смета политичкиот аналитичар Алберт Муслиу.

„Веројатноста се зголемува со зголемувањето на неодговрното однесување на институциите. Ова може да се смири единствено, само со одговорно однесување на сите институции, сите политички партии, одмерени изјави и во секој случај владеење на правото, одговорниот да одговара за тоа што го сторил.“

Експертите велат дека е потребно институционално да се работи на градење на меѓуетничкиот соживот. Потребно е да се внимава што се прикажува на медиумите или какви содржини има во учебниците, да се влијае темелно на свеста на граѓаните да ги прифататат разликите на другиот.

Инаку од ноќеска, полицаецот кој уби две момчиња во Гостивар е во истражниот затвор Шутка. Одреден му е триесетдневен притвор. По кратка расправија најверојатно за паркинг место, полицаецот, кој инаку не бил на работа, ги застрелал двете момчиња.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG