Достапни линкови

Трката за против кандидат на Обама станува неизвесна


U.S. A combo photo of Republican presidential candidates Mitt Romney and Rick Santorum

U.S. A combo photo of Republican presidential candidates Mitt Romney and Rick Santorum

Мит Ромни, кој се смета за фаворит меѓу републиканците за нивен кандидат на претседателските избори во ноември годинава, победи на изборите во сојузната држава Мичиген со 41 насто додека неговиот против кандидат Рик Санторум освои 37 проценти.
Аналитичарите сметаат дека неуспехот да постигне убедлива победа во Мичиген, држава во која и неговиот татко беше Гувернер, значи дека трката станува понеизвесна. Иако Ромни важеше за фаворит, Санторум овој месец победи во сојузните држави Колорадо, Минесота и Мисури.
Клучен датум во партиската номинација на Републиканците е 6 март кога на таканаречениот Супер Вторник ке се гласа во 10 држави и ке се знае кој треба да му се спротивстави на претседателот Барак Обама во Ноември.
XS
SM
MD
LG