Достапни линкови

logo-print

Вељаноски ќе гледа Пратенички прашања во австралискиот парламент


Македонската собраниска делегација предводена од претседателот Трајко Вељаноски, во чиј состав се пратениците Илија Димовски, Милорад Додевски, Цветанка Иванова и Џеват Адеми, денеска ќе престојува во Канбера.
Вељаноски во Парламентот на Австралија, како што јави известувачот на МИА, ќе има средби со претседателот на Претставничкиот дом Питер Слипер, со претседателот на Сенатот Џон Хог, со сенаторот Гери Хамфрис, со пратениците Лук Симпкинс и Џули Бишоп, како и со претседателот на Заедничката постојана комисија за надворешни работи, одбрана и трговија, Мајкл Денби.
Македонската собраниска делегација попладнето ќе присуствува на седниците за поставување пратенички прашања на Сенатот и на Претставничкиот дом.
XS
SM
MD
LG