Достапни линкови

ЕУ ги повлекува своите амбасадори од Белорусија


Шефот за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон објави дека сите 27 земји на Унијата ќе го повлечат своите Амбасадори од Белорусија. Ова е одговор на режимот на Александар Лукашенко кој побара од полскиот амбасадор и преставникот на ЕУ да го напуштат Минск.
Имено, Унијата вчера во рамките на санкциите против Белорусија ја зголеми црната листа на личности поврзани со режимот на Лукашенко.
Тој како Претседател на Белорусија владее од 1994 во советски авторитаристички стил.
XS
SM
MD
LG