Достапни линкови

Расмусен - Нема во НАТО без решение за името


Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен.

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен.

Без обострано прифатливо решение за името, Македонија не треба да очекува покана за членство на следниот самит на НАТО во Чикаго, изјави генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен на прес-конференција во Вашингтон.

На прашањето зошто е важно Македонија најпрво да го реши спорот со името со Грција, наместо да биде примена во Алијансата под референцата БЈРМ, па потоа да го решава спорот со јужниот сосед со оглед дека некои членки на НАТО со години имаат разлики во билатералните односи, како Турција и Грција, на пример, Расмусен одговори дека сите одлуки во НАТО се носат врз база на консензус, а тоа ја вклучува и Грција.

„За да упатиме покана до Скопје, ќе ни треба поддршка од Грција. Тоа е тоа. Разбирам дека Грција нема волја да упати таква покана се додека не се најде обострано прифатливо решение за името. Тоа го решивме во Букурешт во 2008-ма и таа одлука се уште важи.“

Расмусен ги повика двете страни да бидат флексибилни. Тој упати порака до премиерот Никола Груевски да покаже флексибилност и прагматизам.
XS
SM
MD
LG