Достапни линкови

Клинтон - Планот за повлекување од Авганистан до 2014 се уште на дневен ред


Американската државна секретарка Хилари Клинтон.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон изјави дека САД не се бескарајно посветени на Авганистани и дека планот на претседателот Барак Обама да ги повлече американските војници до 2014 година се уште е на дневен ред. Говорејќи пред Комитетот за надворешни работи во однос на буџетските приоритети на Стејт департментот, Клинтон изјави дека Америка и нејзините сојузници во НАТО постигнаа напредок во однос на безбедносната ситуација, направија САД да се чувствуваат побезбедни и создадоа можност за подобра иднина во Авганистан.

Клинтон зборуваше и за ситуацијата во Сирија и рече дека сирискиот претседател се повеќе се вклопува во дефиницијата за воен злосторник.

Што се однесува, пак, за Либија, таа изјави дека Вашингтон работи со новата цивилна влада за обнова на земјата по неодамнешната војна во која беше соборен поранешниот лидер Моамер Гадафи.
XS
SM
MD
LG