Достапни линкови

logo-print

Францускиот парламент го ратификуваше Европскиот механизам за стабилност


Францускиот Сенат.

Францускиот Сенат.

Парламентот на Франција го ратификуваше Европскиот механизам за стабилност. Горниот дом одобри две измени на договорот со кои се отвора патот за Договорот за економска финансиска стабилност да биде заменет со Европскиот механизам за финансиска стабилност. Долниот дом на францускиот парламент ги одобри промените на 21 февруари. Европскиот механизам за стабилност во износ до 500 милијарди евра беше финализиран минатиот месец со цел да спречи понатамошно ширење на должничката криза.
XS
SM
MD
LG