Достапни линкови

Романија забрани поранешни високи комунистички функционери да дојдат на функција


Романскиот парламент.

Романскиот парламент.

Романскиот парламент донесе закон со кој им се забранува на поранешните високи претставници од Комунистичката партија да извршуваат јавни функции. На поранешни министри, обвинители, членови на Комитетот на КП и припадници на романската тајна полиција со закон им се забранува во следните пет години да бидат именувани на високи јавни функции како претседател на држава, пратеник или градоначалник, јавуваат локалните медиуми.

Нацрт-законот беше предложен пред седум години, но се соочи со уставна неусогласеност. Првата верзија на тој закон усвоена во 2010 година веднаш беше прогласена за неуставна.
XS
SM
MD
LG