Достапни линкови

Ромни тесно победи во Мичиген


Мит Ромни и Рик Санторум.

Мит Ромни и Рик Санторум.

По пребројани околу 80 отсто од гласовите во сојузната држава Мичиген, Мит Ромни тесно победил против неговиот противкандидат Рик Санторум на изборите за кандидат на Републиканската партија, кој треба да му се спротивстави на претседателот Барак Обама на претседателските избори во ноември годинава. Спред првичните резултати, Ромни освоил 41, а Санторум 37 отсто од гласовите.

Иако Ромни важеше за фаворит, Санторум овој месец победи во сојузните држави Колорадо, Минесота и Мисури, со што трката станува понеизвесна.
XS
SM
MD
LG