Достапни линкови

Иран лут зашто Азербејџан купува оружје од Израел


Израелско беспилотно летало УАВ Хермес 500. Азербејџан меѓу другото набави и вакви летала.

Израелско беспилотно летало УАВ Хермес 500. Азербејџан меѓу другото набави и вакви летала.

Иранските власти го повикале амбасадорот на Азербејџан во земјата да објасни зошто купиле оружје од Израел во вредност од 1,6 милијарди долари. Амбасадорот потврдил дека купиле оружје за ги ослободат окупираните делови, односно Нагорно-Карабах.

Претходно овој месец, Иран обвини дека Азербејџан им дозволил на израелски шпиони да ја користат азербејџанската територија. Официјален Баку ги отфрли таквите тврдења и рече дека станува збор за „клевета“. Потоа беа уапсени неколку луѓе поврзани со Иран кои наводно планирале напади во Азербејџан.
XS
SM
MD
LG