Достапни линкови

logo-print

Руски телевизии се повлекуваат од казахтанска кабелска телевизија


Интернет страницата на РТР Планета.

Интернет страницата на РТР Планета.

Казахтанскиот кабелски оператор Алма-ТВ соопшти дека утре веројатно ќе го прекине реемитувањето на три руски телевизиски канали. За руската новинска агенција Интерфакс, од операторот рекле дека причина за прекинувањето е тоа што руските телевизии „не сакаат да ги продолжат односите“, но најавија дополнителни информации за утре.

Тие велат дека ако не се договорат „ќе бидат преземени мерки да се најде еквивалентна замена за каналите“ РТР Планета, Русија 24 и Русија К. Голем дел од населението на Казахстан го сочинуваат словенски народи.
XS
SM
MD
LG