Достапни линкови

logo-print

ОН - Најмалку 7.500 жртви во Сирија досега


Дете клоца во постер со ликот на сирискиот претседател Башар ал-Асад во градот Сермин во Сирија.

Дете клоца во постер со ликот на сирискиот претседател Башар ал-Асад во градот Сермин во Сирија.

Најмалку 7.500 луѓе загинале во борбите во Сирија за време на едногодишните насилства во земјата, соопштуваат од комесаријатот за политички прашања на ОН. Комесарот за политички прашања Лин Паско, пред Советот за безбедност на ОН, изјави дека постојат извештаи според кои во Сирија дневно има повеќе од 100 жртви, меѓу кои голем број жени и деца. Според податоците на ОН, бројката ва внатрешно раселени се движи помеѓу 100 и 200 илјади луѓе, а повеќе од 25 илјади Сиријци побегнале во соседните земји. Паско изјави дека за меѓународната заедница е неуспех тоа што не се презедоа посилни мерки против сирискиот режим.
XS
SM
MD
LG