Достапни линкови

logo-print

Францускиот суд го прогласи неуставен Законот за геноцид на Ерменците


Францускиот Уставен суд донесе одлука дека Законот кој се однесува на масовните убиства на Ерменците го прекршува Уставот на земјата. Законот беше усвоен во декември минатата година и налагаше кривично да бидат гонети лицата кои ќе го негираат убиството на милион ипол Ерменци за време на Отоманската империја, пред еден век.
Турција ја поздрави одлуката при што министерот за надворешни работи Ахмет Давутоглу најави дека властите ќе одржат средба во на која ќе одлучат дали да ги обноват економските, политичките и воените контакти со Франција.
XS
SM
MD
LG