Достапни линкови

Волерс - Спорот за името треба да го решите вие, а не САД


Средба со новинари на амбасадорот на САД во Македонија Пол Волерс.

Средба со новинари на амбасадорот на САД во Македонија Пол Волерс.

Соединетите Држави напорно работат за да помогнат, но спорот за името треба да го решат Македонија и Грција, а не САД, вели американскиот амбасадор Пол Волерс.

Соединетите Американски Држави ќе прифатат какво било решение кое ќе го договорат Македонија и Грција, изјави американскиот амбасадор Пол Волерс, повторно посочувајќи дека билатералниот спор за името со соседна Грција е пречка за влез на Mакедонија во НАТО.
Без навреда за Меѓународниот суд на правдата или која било друга организација, НАТО нема да го препушти одлучувањето за членство на друга организација. НАТО и членките на НАТО ќе ја донесат одлуката за тоа кој ќе влезе во Алијансата.

„Откако ќе се реши тоа прашање Македонија ќе влезе во Алијансата, бидејќи ги исполнува критериумите. Морам да дополнам дека тоа не мора да се случи во Чикаго. Знам дека многу внимание се посветува на самитот во Чикаго, дека станува збор за голем настан. Но Македонија не мора да влезе на тој Самит. Тоа може да се случи на кој било состанок на Алијансата и откако ќе се реши прашањето за името, Македонија ќе се придружи“, рече Волерс.
Средба со новинари на амбасадорот на САД во Македонија Пол Волерс.

Средба со новинари на амбасадорот на САД во Македонија Пол Волерс.


Сепак, судејќи по ракциите на јавноста, се добива впечаток дека од САД се очекува да понуди решение со кое Македонија би станала полноправен член на Алијансата. Соединетите Американски Држави отсекогаш биле лидер во НАТО и се обидуваме да и помогнеме на Македонија во многу области, вели Волерс.
Претпоставувам дека се создава впечаток дека Соединетите Американски Држави понекогаш можат да направат повеќе одошто реално можат. НАТО е организација која функционира со консензус. Ние сме многу важен член на таа организација и сметам дека имаме направено многу за да и помогнеме на Македонија во многу области, но на крај одлуката ја носат сите членки на НАТО и во тоа е основата на успехот на Алијансата сиве овие години.

„Претпоставувам дека се создава впечаток дека Соединетите Американски Држави понекогаш можат да направат повеќе одошто реално можат. НАТО е организација која функционира со консензус. Ние сме многу важен член на таа организација и сметам дека имаме направено многу за да и помогнеме на Македонија во многу области, но на крај одлуката ја носат сите членки на НАТО и во тоа е основата на успехот на Алијансата сиве овие години“, вели американскиот амбасадор.

Запрашан за одлуката на Меѓународниот суд на правдата, Волерс вели дека НАТО не дозволува други организации да ги носат одлуките на Алијансата.

„Без навреда за Меѓународниот суд на правдата или која било друга организација, НАТО нема да го препушти одлучувањето за членство на друга организација. НАТО и членките на НАТО ќе ја донесат одлуката за тоа кој ќе влезе во Алијансата.“

Запрашан за изјавата на премиерот Груевски дека наводно ниту Брисел, ниту Вашингтон во моментов не се заинтересирани за македонското прашање, амбасадрот одговара:

„Тој мене никогаш ми се нема пожалено за недостиг на залагања од Вашингтон. Ми се нема пожалено бидејќи знае дека тоа не е вистина. САД напорно работат за да помогнат за ова прашање. Секако, станува збор за тешко прашање. Но дозволете повторно да посочам дека ова прашање треба да го решат Македонија и Грција, а не Соединетите Американски Држави“, вели Волерс.

Компромисот кој неодамна го постигнаа Србија и Косово може да послужи како пример и за други спорови, смета Волерс, а на прашањето за применливоста на ваков вид решение во билатералниот спор меѓу Македонија и Грција, амбасадорот вели:

„По дефиниција, ако сакате да решите прашање на начин кој максимално ќе ги задоволи двете страни, потребен ви е компромис. Тоа не е секогаш лесно. Историјата е полна со примери на луѓе кои одлучиле дека попуштање за одредени прашања или делови од прашања се исплатува за решавање на поголемите проблеми. Секако, мислам дека секакво решение од тој вид е пример кој другите може да го следат“, вели американскиот амбасадор.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG