Достапни линкови

Белорусија ги протера амбасадорите на ЕУ и Полска


Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко

Белоруските власти побараа амбасадорот на ЕУ и амбасадорот на Полска да ја напуштат земјата, според соопштението на министерството за надворешни работи. Властите најавија и дека ќе ги отповикаат нивните амбасадори во ЕУ и Полска на консултации.
Одлуката е донесена откако Европскиот Совет реши да спроведе дополнителни санкции врз Белорусија, поради репресијата на претседателот Александар Лукашенко врз неговите политички опоненти.
XS
SM
MD
LG