Достапни линкови

Полицаец уби двајца гостиварци


Местото на инцидентот

Местото на инцидентот

Полицаецот изјавил дека бил нападнат од четворица луѓе и за да се одбрани, испукал два куршуми во воздух, а потоа пукал и кон напаѓачите, соопшти МВР.

Полицаецот, кој не бил на должност, попладнево застрелал двајца мажи во Гостивар, соопшти МВР. Според информациите на полицијата, осомничениот пукал со службениот пиштол. На убиството му претходела расправија за паркинг место на кое осомниченит сакал да го паркира своето приватно возило.
Според изјавата на осомничениот, истиот бил нападнат од страна на 4 лица и истиот за да се одбрани од нападот, според негово кажување, испукал два куршуми во воздух, а потоа пукал и кон напаѓачите.

„Веднаш по вербалната расправија околу паркинг местото, дошло и до физичка пресметка, во која, според изјавата на осомничениот, истиот бил нападнат од страна на 4 лица и истиот за да се одбрани од нападот, според негово кажување, испукал два куршуми во воздух, а потоа пукал и кон напаѓачите“, изјави Иво Котевски, портпарол на МВР.

Од истрелите биле погодени двајца луѓе. Тие по инцидентот биле префрлени во болниц, но таму само констатирале смрт.

Од МВР соопштуваат дека осомничениот е приведен во полиција и со него се разговарало, додека екипи на крим техника се на местото на инцидентот и го истражуваат случајот.

Полицаецот има 39 години и работел на обезбедување на државната граница со Косово. Застрелнаите биле на возраст од 26 и 29 години.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG