Достапни линкови

Странските медиуми поверува дека Србин убил ајкула во Египет


Дејан Николиќ, основач и сопственик на српскиот сатиричен портал њуз.нет.

Дејан Николиќ, основач и сопственик на српскиот сатиричен портал њуз.нет.

Дел од луѓето веруваат и во најапсурдните лажни вести што сме ги објавиле, вели основачот на српскиот сатиричен портал њуз.нет, Дејан Николиќ во разговор за РСЕ. Порталот ја доби највисоката новинарска награда за уредувачка концепција на српското здружение на новинари.

Која е суштината на њуз.нет? Зошто се одлучивте токму за лажни вести?
Најапсурдната приказна што ја пренесоа локалните медиуми беше сторијата што ја објавивме по земјотресот во Краљево, во која објавивме дека Марк Цукерберг ќе дојде во Србија за лично да му подари лап топ на оној што прв напишал Фејсбук статус за земјотресот, затоа што тогаш луѓето масовно и преку Твитер и Фејсбук опишуваа што се случува наместо да бегаат од домовите. Практично се натпреваруваа кој прв ќе објави статус за земјотресот и тоа беше наша критика за тоа, ало, мислам - има поважни работи остави го сега Фејсбук. И тоа беше пренесено како вистинска вест и мислам дека ако навистина прочиташ наслов ќе видиш дека е невозможно, но ете тоа беше и на телевизија и на радио и во весниците, секаде.

Па нема суштина, нема поента, едноставно тоа го правиме затоа што ни се допаѓа. Ние долго време го следевме и The Onion и воопшто таа американска сатирична сцена, Daily show, Colbert Report, целата таа екипа ни е многу блиска и сакавме да направиме нешто такво во Србија, но немавме можности. Јас почнав со еден вид полублог на Фејсбук, па ми се придружија други луѓе, имавме малку среќа, тоа почна чисто како една наша експресија, најдовме начин да го изразиме незадоволството, плус креативноста која се криела длабоко во нас. А суштината и поентата дојде сама по себе, тоа го создадоа луѓето кои не следат, ние само пишуваме стории.

Од што сте незадоволни, какво незадоволство сакавте да покажете?

Сериозно тоа ме прашувате?! ОК, да, да вам во Македонија ви е се добро. Па незадоволство од ситуацијата, незадоволство од количеството на апсурд на сцената која управува со нашите животи. Количеството апсурд во политика, во општеството, тие неверојатни работи, неверојатна ароганција, дрскост, однесување кое не знам дали една генерација од турско наваму реално го доживеала. Тоа се собира, значи секој кој размислува со своја глава, кој не се обидува да се снајде, туку едноставно не сака да живее во тоа, размислува како тоа или да го промени, или да го сопре или барем од себе да ја исфрли таа негативна енергија. Тоа е она што ние го правевме, но ете за среќа многу повеќе луѓе од она што очекувавме ја сфатија приказната. Ние очекувавме дека тоа ќе биде нитка, некоја секта што се формира околу нас, но многу се прошири, така што можеме да кажеме дека не следат повеќе од милион луѓе во Србија и доста луѓе од регионот очигледно нели.
Кога имавме текст како во Македонија се гради најновиот антички град во светот имавме поинакви реакции од Македонија. Некои кои разбраа се смееа, некои не разбраа, но сега сите се смејат кога го напишавме тоа за Грција и 100 евра.

Како реагирате кога традиционалните медиуми ќе ве сфатат сериозно и многу пати досега објавиле некоја ваша приказна како реален настан?

Јас не знам дали сум во позиција да го кометирам тоа, затоа што тоа е во принцип критика на новинарската етика, може не толку на етиката колку на мрзеливоста. Значи интернет е по природа катализатор. Ако си добар новинар, со интернетот ќе бидеш уште подобар новинар, но ако си лош новинар, со интернет ќе станеш уште полош. Така што целата таа приказна е само показател на тоа, тоа е едноставно лошо за медиумите, но и на нив им покажало и ги научило, јас знам доста новинари... На крајот на краиштата, ние сме добитници на најголема новинарска награда. Здружението на новинарите ни ја даде годишната награда за уредувачка концепција и во образложението на наградата е наведено дека нашата пополуларност треба да биде опомена за струката, дека новинарите мора да сфатат дека нешто се случува, нешто ново, дека не смеат тоа да го занемаруваат, дека не можеш на стариот начин да ги третираш новите медиуми и канали и дека едноставно професијата мора да се менува. Тоа е порака што самата фала си ја испраќа себе си. Ние не сме испратиле таква порака, како што реков, ние само пишуваме приказни.

Кој ваш текст привлекол најмногу внимание од новинарите?

Да се обидам да се сетам, приказната со ајкулата, но локалните медиуми не ја пренесуваа толку како странските. Најапсурдната приказна што ја пренесоа локалните медиуми беше сторијата што ја објавивме по земјотресот во Краљево, во која објавивме дека Марк Цукерберг ќе дојде во Србија за лично да му подари лап топ на оној што прв напишал Фејсбук статус за земјотресот, затоа што тогаш луѓето масовно и преку Твитер и Фејсбук опишуваа што се случува наместо да бегаат од домовите. Практично се натпреваруваа кој прв ќе објави статус за земјотресот и тоа беше наша критика за тоа, ало, мислам - има поважни работи остави го сега Фејсбук. И тоа беше пренесено како вистинска вест и мислам дека ако навистина прочиташ наслов ќе видиш дека е невозможно, но ете тоа беше и на телевизија и на радио и во весниците, секаде. А друга е сторијата дека државна фирма по грешка вработила стручњак. Една новинарка од утринска програма од национална телевизија ни се јави да ни побара контакт од таа фирма. Ние ја упативме да ја погледна нашата страна да прочита што работиме. Таа го прочитала тоа, се јави повторно, рече ОК, видов дека пишувате лажни вести, но сепак дајте ми контакт да провераме. Значи толку се верува на формата, толку е формата поважна од суштината што и кога ќе им кажеш дека тоа не постои и понатаму не можат да ја исфрлат формата од глава. И мислам дека тоа е најголем проблем од се, тоа што формата е многу важна и го занемаруваме она што е суштинско, она што е важно за да ја задоволиме формата и во образованието и во општеството и во организирањето на работите, мислам дека тоа е така во цела Источна Европа.

Сте имале ли некогаш реакции од некои чинители во политичкиот живот кои се налутиле на сатирата или не ја сфатиле шегата?

Не, не , не тие се премногу арогантни за да го покажат тоа во јавност. Од друга страна, многу од нив го сакаат тоа што ние го правиме затоа што тие не смеат да го кажат тоа што ние смееме. А од трета страна ние не користиме тежок јазик, значи никогаш не кажуваме дека некој е крадец или дека некој проневерил, ние велиме обратно, дека некој е добротворец или дека има оставштина и не можеш да тужиш некого за она што меѓу редови реално го кажува. Тоа е наша заштита, а и текстот реално е така посмешен.

Во контекст на тоа, најчесто локалните теми се јадица за традиционалните медиуми. Каква реакција добивате за политичките теми, пред извесно време објавивте дека Грција ќе ја признае Македонија за 100 евра месечно. Каква е реакцијата на таквите теми?

Па тоа локално не иде, но имаме убави реакции од Македонија. Од друга страна, кога имавме текст како во Македонија се гради најновиот антички град во светот имавме поинакви реакции од Македонија. Некои кои разбраа се смееа, некои не разбраа, но сега сите се смејат кога го напишавме тоа за Грција и 100 евра. Но да, ние набљудуваме се од сите страни, затоа што ние реално немаме ни идеологија, немаме ни став ни кон македонскиот проблем со Грција, ниту во врска со тоа дали Македонија треба да биде ПЈРМ, едноставно ние само ги набљудуваме медиумите и пишуваме за тоа и затоа можеме да бидеме објективни во секоја ситуација.

Како би го сумирале резултатот од вашата работа?

Екстремно позитивен, значи воопшто не сме свесни што се случи кај нас, барем во Србија. Еве бевме во Хравтска, сега во Скопје, не очекувавме дека знаат за нас, но изгледа дека знаат. Екстремно позитивно и драго ни е се разбира, затоа што ние обработуваме теми кои ни се на сите нас слични и мислам дека она што нас не мачи во Србија ве мачи и вас овде во Македонија. Некаде повеќе некаде помалку, ама изгледа и вам ви треба ваш њуз.нет.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG