Достапни линкови

Русија ќе ја модернизира војската


Припадници на руската армија

Припадници на руската армија

Руските власти соопштија дека планираат да ја модернизираат пушката Калашников АК-47 која ја употребува руската армија, но и гангстерите низ светот. Вицепремиерот Дмитри Рогозин му соопшти на Парламентот дека оружјето ќе биде модернизирано со дополнителна опрема како оптичка леќа и ламба.
Според него, армијата ќе добие и нови пиштоли до крајот на годината кои ќе ги заменат полу автоматските Макаров, кои потекнуваат од 1940 година.
Рогозин додаде дека планираната модернизација на војската во износ од 690 милијарди долари вклучува и нови подморници и авиони до 2020 година.
XS
SM
MD
LG