Достапни линкови

Иран бара помош за претседателот на Сирија


Иранскиот министер за надворешни работи Али Акбар Салехи ја повика меѓународната заедница да му помогне на претседателот на Сирија Башар Ал Асад. Салехи, кој во Женева разговарал со новиот специјален пратеник за Сирија, Кофи Анан, истакнал дека треба да и се помогне на сиријската влада да ги продолжи реформите и да ги запре насилствата. Западните земји инсистираат дека режимот на Башар Ал Асад мора да си замине.
XS
SM
MD
LG