Достапни линкови

logo-print

Се урна зграда во Русија, се трага по исчезнатите


Министерството за вонредни ситуации на Русија соопшти дека уште четири тела се извлечени од местото на урнатата деветкатна станбена зграда во градот Астрахан. Спасувачите продолжуваат да бараат уште шест жители на зградата кои се уште се водат за исчезнати. Министерството соопшти дека 26 лица се извлечени од урнатините, од кои петмина се уште се во болница. Причина за несреќата била експлозија на гас во зградата.
XS
SM
MD
LG