Достапни линкови

ЕУ воведува санкции против Сирија


Министерот за надворешни работи на Франција изјави дека претседателот на Сирија "ќе се соочи со правдата" поради злосторства против цивилите во Сирија. Mинистрите за надворешни работи на Европската унија исто така наметнаа санкции против Сирија и покрај зголемените дипломатски напори за ставање крај на речиси едногодишните обиди на владата да ги казнат цивилите и опозициските демонстранти. Мерките кои беа донесени на состанокот во Брисел вклучуваат замрзнување на средствата на Сириската централна банка, забрана за патување на сириски официјални лица кои се сметаат за блиски до претседателот Башар Ал Асад и ограничувања на трговијата и карго летовите во ЕУ. ЕУ веќе состави црна листа од речиси 150 Сиријци и изрече ембарго за оружје и нафта против режимот на Асад.
XS
SM
MD
LG