Достапни линкови

Критики од ЕУ за пресудата на поранешниот украински министер


Јуриј Луценко

Јуриј Луценко

ЕУ упати критика за одлуката на украинскиот суд кој го осуди поранешниот министер за внатрешни работи Јуриј Луценко на четири години казна затвор за проневера и злоупотреба на функцијата.
Во заедничко соопштение на шефот за дипломатија на унијата, Кетрин Ештон и еврокомесарот за проширување Штефан Филе се вели дека пресудата покажала дека во украинските судови не ги почитуваат меѓународните стандарди на владеењто на правото.
Британскиот министер Дејвид Лидингтон ја нарече одлуката крајно загрижувачка и со неа се покренува прашањето за заложбата на Украина во евроинтеграцијата.
XS
SM
MD
LG