Достапни линкови

logo-print

Кацин-кандидатскиот статус на Србија од полза за целиот регион


Известувачот на Европскиот парламент за Србија, словенечкиот европратеник Јелко Кацин

Известувачот на Европскиот парламент за Србија, словенечкиот европратеник Јелко Кацин

Известувачот на Европскиот парламент за Србија, словенечкиот европратеник Јелко Кацин изјави денеска дека доделувањето на статусот на кандидат за членство во ЕУ на Србија ќе биде од полза за целиот регион. Според него, на Србија нема да и бидат наметнати нови услови за добивање датум за преговори, бидејќи Унијата ќе ги почека резултатите од изборите во земјата.
За постигнатиот договор меѓу Белград и Приштина за регионалното претставување на Косово, Кацин рече дека претставува еден од важните услови за подобрување на политичката атмосфера во регионот и за олеснување на напредокот на сите други полиња.
XS
SM
MD
LG