Достапни линкови

Од денеска не важат старите документи за лична идентификација. Според информации од МВР, досега се издадени 1 милион и 400 илјади биометриски пасоши и 1 милион и 450 илјади лични карти. Стотици илјади граѓани се уште не извадиле нови документи.

Последниот ден од рокот за издавање документи за лична идентификација метежот во управните служби на МВР си остана. Иако редици се создаваат уште од утринските часови сега се поразлични сликите од минатиот период кога имаше многу нервозни граѓани кои плаќаа и повисоки суми за забрзана процедура доколку имаа итна потреба од нов документ.
Ќе прашаш нешто и не ти објаснуваат како што треба, викаат што си дошол последниот ден. Но тие се платени за тоа, без разлика дали си дошол последен или претпоследен ден, тие се должни да си ја вршат својата работа.

„Чекаме цел ден од сабајле, од осум саат за пасош.“

„Нема ред, едни не праќаат во една кабина, други во друга кабина, иди во 10-ка, иди во 15-ка, иди во 35-ка.“

Моменталните тураници, некои од службениците пред шалтерите ги објаснуваат со тоа што граѓаните го чекаат последниот термин.

„Луѓето се криви, го чекаат последниот ден да средат Долги редици и турканици за вадење лични карти во Куманово

Долги редици и турканици за вадење лични карти во Куманово

документи, тоа е причината.“

„Ние не бевме тука, од странство ме, затоа чекавме, не сме знаеле и сега многу гужва, многу чекање и затоа сега треба повеќе шалтери да работат.“

„Ќе прашаш нешто и не ти објаснуваат како што треба, викаат што си дошол последниот ден. Но
Имаат неисправни документи и затоа чекаат по 3 саати, јас за 15 минути завршив се.
, тие се платени за тоа, без разлика дали си дошол последен или претпоследен ден, тие се должни да си ја вршат својата работа.“

„Ние не чекавме, пред нас имаше двајца, и ние.“

„Имаат неисправни документи и затоа чекаат по 3 саати, јас за 15 минути завршив се.“

Но ова не е случај во поголемите градови во внатрешноста каде има поголемо незадоволство, а термините за издавање документи службите ги закажуваат и во ноември.

Од денеска нема повеќе да важат старите документи за лична идентификација. Според информации од МВР, досега се извадени 1 милион и 400 илјади биометриски пасоши и 1 милион и 450 илјади лични карти. Неколку стотици илјади граѓани се уште не извадиле нови документи. Тоа значи дека оние кои се во земјава без нова лична карта нема да можат да ги извршуваат обврските секаде каде што овој документ им е потребен.

Во МВР велат дека луѓето нема да имаат проблем да се идентификуваат и дека нема да плаќаат казна за оние кои не закажале термин зошто и во наредниот период ќе се издаваат документи, но може да имаат проблем во други институции како што се банките кои треба да решат како ќе постапуваат.

Без биометриски пасош, пак, од оваа недела граѓаните не можат да ја напуштат земјава. Од МВР велат дека ќе преземат мерки за да им излезат во пресрет на граѓаните. Луѓето нема да имаат проблем да влезат во Македонија, но може да имаат проблем да тргнат од земјата. За да се избегнат непријатности, овие граѓани треба да се консултираат во тамошните конзуларни одделенија за да им издадат патен лист со кои ќе може да излезат од земјата.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG