Достапни линкови

Објавени номинациите за Нобеловата награда за мир


Минатогодишните добитници на Нобеловата награда

Минатогодишните добитници на Нобеловата награда

Нобеловиот институт соопшти дека 231 лице се номинирани за годинешната Нобелова награда за мир. Според институтот со седиште во Норвешка меѓу номинираните е и поранешниот американски претседател Бил Клинтон, поранешниот германски канцелар Хелмут Кол, како и Бредли Менинг, американскиот војник кој се соочува со судење поради обвиненијата дека на веб сајтот Викиликс му предал десетици илјади документи на американската војска и дипломатија.
Минатата година Нобеловата награда за мир ја добија Претседателката на Либерија, Елен Џонсон-Сирлиф, либериската активистка за мир Лејма Гбови и борецот за женски права од Јемен, Тавакул Карман.
XS
SM
MD
LG