Достапни линкови

Ако сакате во ЕУ, треба да ги третирате медиумите од ЕУ како свои


Оливие Базил, главен претставник на Репортери без граници во ЕУ.

Оливие Базил, главен претставник на Репортери без граници во ЕУ.

Ако владата им забрани на странските новинари да ги анкетираат граѓаните на Македонија, тогаш е јасно дека воведува цензура, вели Оливие Базил од Репортери без граници.

Моето прво прашање е, што мислите за предлозите во Македонија во врска со медиумите?
Странските дописници се многу чудно избрана мета, бидејќи ако сакате да влезете во ЕУ, тогаш ќе морате да ги сметате медиумите на Унијата како дел од вашите домашни медиуми. Тука не станува збор само за медиумите од ЕУ, туку и за меѓународниот печат, од Азија, Америка или од каде било. Правото на пристап до информации е право на сите во секоја земја.

Се надевам дека тоа ќе остане како предлог закон, бидејќи ако Собранието го изгласа, тогаш ќе треба да ја ставиме Македонија на црната листа за слобода на медиумите. Ако го имате предвид пристапот до информации во денешно време во земја која сака да пристапи до Европската унија и ако ги имате предвид странските дописници, со ваквото однесување, со ваквите барања за овластувања би било невозможно за луѓето да имаат пристап до информации од јавен карактер и да создаваат сопствени мислења. Националните и странските медиуми имаат право да бараат информации и да истражуваат. Ако сето тоа се стави под овој нов закон, тогаш ќе се соочите со многу сило програмирање на слободата на печатот и на слободните информации. Тоа е јасно. Исто така, тоа ќе ја спушти Македонија подолу во рангирањето од сегашната позиција.

Веќе знаеме дека македонската влада планираше да ги организира медиумите, сакаше да копира одредени делови на закони и сакаше да промени многу работи во врска со пристапот до информации. Странските дописници се многу чудно избрана мета, бидејќи ако сакате да влезете во ЕУ, тогаш ќе морате да ги сметате медиумите на Унијата како дел од вашите домашни медиуми. Тука не станува збор само за медиумите од ЕУ, туку и за меѓународниот печат, од Азија, Америка или од каде било. Правото на пристап до информации е право на сите во секоја земја.

Тука не станува збор за самиот пристап или за картички за акредитација или нешто такво. Навистина, во одредени земји може да се организира акредитирање на новинари, но тоа подразбира давање пристап до одредена област. Сепак, на секој новинар треба да му се дозволи по сопствено мислење да организира сопствено истражување и да ги прашува луѓето во Македонија што мислат за сопствената земја, кои се нивните мислења, кои се нивните гледишта за одредена работа. Тука не станува збор за должност, туку за еден вид активности, имено за примарната активност на еден новинар. Доколку тоа се организира со закон, тогаш би имале цензура. Тоа е јасно.

Македонската влада во основа вели дека го копира тоа што се случува во други европски земји. Во основа се предлага на странските новинари да им се забрани да прават анкети, на пример. Дали се во право со ваквите тврдења?

Тие гледаат конкретни случаи кои не се едноставно регулирани со закон. Ние не велиме дека состојбите во европските земји се многу добри. Ако го погледнете индексот и рангирањата за одредени европски земји се отвораат многу прашања. Тоа не значи дека Европската Унија прави грешки, грешат и самите (земји) исто така. Уште еднаш ќе напоменам дека во Европската унија може да работите како новинар и без акредитација. Може да бидете и новинар и блогер. Во секој случај станува збор за правото за пристап до информации кое не е поврзано само со новинарите туку и со луѓето и блогерите.

Проблемот е во тоа што мора да бидете акредитирани за да имате пристап до информации - не тоа не е така. И јас имам акредитација. Ако сакате да бидете акредитиран за известување од Европскиот парламент тогаш во ред. Тука има закони и правила и тоа е нормално. Може да бидете акредитиран известувач од владата за новинска агенција и тоа е во ред, тука има логика. Од друга страна, ако сте новинар од која било европска или друга земја во светот вие можете да дојдете во Брисел и со микрофон во рака да прашувате луѓе на улица што мислат за белгиската влада. За тоа не ви е потребна картичка бидејќи имате право да добиете информација. За тоа не ви е потребна посебна акредитација. Ако за таква работа сакате да организирате акредитација тогаш се претворате во предатори на слободата на печатот.

Ако станува збор за акредитација за одредени многу специфични работи - ако станува збор за брифинг на НАТО, тогаш во ред, тука станува збор за пристап до чисти информации и можеби во иднина треба да размислуваме за акредитации за блогери исто така. Не е прашање за картички. Денес имате блогери кои се многу добро информирани за некои многу специфични области. Време е да се размислува за пристапот (до информации) на тие луѓе исто така, вклучувајќи ги и оние од Македонија.

Македонската влада посочува дека во Европа се прави така. Да, вистина е дека постојат многу посебни случаи, но тоа не важи за целата информациска област. Во конкретниов случај со македонскиот (предлог) закон, колку што јас разбирам, станува збор за нешто многу повеќе од организиран пристап до брифинзи или прес-конференции или нешто слично. Јасно е дека станува збор за пристапот до локалните информации и за капацитетите на новинарите да им поставуваат прашања на жителите во Македонија. Тоа е многу поразлично.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG