Достапни линкови

Оскарот оди кај... Уметникот


Пакистанската режисерка Шармен Обаид Чиној.

Пакистанската режисерка Шармен Обаид Чиној.

Немата филмска романса „Уметникот“ синоќа во театарот Кодак во Лос Анџелес освои пет Оскари, вклучувајќи го и оној за најдобар филм. Исто толку Оскари доби и филмот на Мартин Скорсезе, но во таканаречени технички категории. Оскар за најдобра актерка доби Мерил Стрип за остварувањето во филмот „Железната дама“. Најдобар странски филм е иранскиот „Разделба“.

Веќе 84 години во Лос Анџелес вака се доделуваат наградите за најдобрите остварувања во светот на филмот. Можеби носталгично по она што беше почеток на оваа индустрија, токму филмовите со тематики од тоа време однесоа најголем број Оскари.

„Уметникот“, црно бела приказна за филмска ѕвезда која бледнее во времето на ерата на немиот филм, покрај Оскарот за најдобро филмско остварување, ги собра и златните статуетки за најдобра машка улога, ја доби францускиот актер Жан Дужардин, за режија, ја доби Мишел Хазанавициус, како и за музика и за костимографија.

„Јас сега сум најсреќниот режисер на светот. Ви благодарам“, изјави Хазанавикиус пред публиката во која меѓу другите беа и Џорџ Клуни, Анеџлина Џоли, Бред Пит и членовите на Акаденијата за филски уметности и науки.

Гордо им ја нудам оваа награда на луѓето на мојата земја, луѓето кои ги почитуваат сите култури и цивилизации и ги презираат непријателството и огорченоста.
Дужардин, некриејќи го восхитувањето изјави:

„Ја сакам оваа земја.“

Мерил Стрип го доби Оскарот за најдобра женска улога во филмот за поранешната британска премиерка Маргарет Тачер. Ова е трет Оскар што го добива Мерил Стрип, која инаку за оваа награда е номинирана дури 17 пати, поради што таа се пошегува дека публиката можеби е заморена од неа.

Во филмот „Хуго“ на режисерот Мартин Скорсезе, се раскажува за момче загубено во железничка станица и е своевидна ода за почетоците на филмот. Дојде со 11 номинации, од што собра пет, меѓу нив за кинематографија, за сценографија, за озвучување и за визуални ефекти.

82-годишниот ветеран Кристофер Пламер го доби Оскарот за споредна улога во филмот „Почетници“, каде што игра остарен хомосексуалец кој се враќа кај своето семејство. Со тоа, тој влезе во историјата како најстар добитник на Оскар.

„Ти си само две години постара од мене. Каде беше целиот мој живот“, и се обрати Пламер на златната статуетка.

За најдобра споредна женска улога, Оскарот го доби новодојденката Октавија Спенсер во филмот „Куќни помошнички“, за правата на црнечкото население на југот на Соединетите Држави.

Иранскиот филм „Разделба“, во кој се говори за развод на едно иранско семејство го доби Оскарот за најдобро странско остварување.

„Гордо им ја нудам оваа награда на луѓето на мојата земја, луѓето кои ги почитуваат сите култури и цивилизации и ги презираат непријателството и огорченоста“, изјави режисерот на филмот Ашгар Фархади.

Тоа беше прв Оскар за еден ирански филм досега.

Пакистанската режисерка Шармен Обаид Чиној доби Оскар за нејзиниот документарец „Чување лице“, во кој се говори за жртвите на напад со киселина, односно за стотиците жени во Пакистан кои годишно се цел на такви напади од мажите незадоволни откако ќе го отфрлат нивниот предлог за брак.

„Сите жени во Пакистан работат на промени. Не откажувајте се од своите соништа. Ова е за вас“, изјави Шармен.

Оскарот за најдобар анимиран филм го доби „Ранго“, на кој работеше и студиото за визуелни ефекти ФХ3Х од Скопје.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG