Достапни линкови

Состанок на шефовите на дипломатиите на ЕУ


Министрите за надворешни работи на Европската унија на дводенвниот состанок што почнува денеска во Брисел, меѓу другото, треба да дадат и политичко мислење за тоа дали Србија заслужува да добие статус кандидат за членство во Унијата. Во Брисел денеска и утре ќе претстојува и претседателот на Србија Борис Тадиќ кој треба да се состане со шефот на европската дпломатија Кетрин Ештон и со претседателот на Унијата Херман ван Ромпуј. Во дипломатски кругови се очекува мислењето на министрите да биде позитивно откако во минатата недела Белград и Приштина постигнаа договор за регионалното претставување на Косово и за интегрираното управување со премините. Конечната одлука за кандидатскиот статус треба да ја донесат лидерите на Унијата на состанокот на 1 март.
XS
SM
MD
LG