Достапни линкови

logo-print

САД-кандидатите за претседател против извинување на Авганистан


Тројца од четворицата републикански кандидати за американски претседател, изјавија дека американскиот претседател Барак Обама не треба повеќе да се извинува за инцидентите со горењето на Куранот во Авганистан. По инцидентите во американската база во Авганистан, Обама испрати официјално извинување, но претседателските кандидати сметаат дека Авганистан и Карзаи треба да им се извинат на САД.

Претседателскиот кандидат Мит Ромни рече дека ако се земат предвид бројот на американски војници изгубени во Авганистан како и расходите, многу е тешко американскиот народ во оваа време да толерира извинување.
Њут Гингрич изјави дека целиот процес со извинување за САД отишол предалеку, и дека Карзае е на ред да се извини, а претседателскиот кандидат Рик Санторум беше многу посилен во коментарите велејќи дека е вистински криминал тоа што се случува со протестите и насилството против американските сили во Авганистан, вклучувајќи го и убиството во саботата на двајца американски војници во Кабул, што следуваше по вестите за палење на Куранот во американската база.
XS
SM
MD
LG