Достапни линкови

logo-print

Ирзаел му продава воена опрема на Азербејџан


Израелските воени власти го потврдија договорот за продажба на беспилотни летала, анти-авионски ракетни и ракетен одбранбен систем на Азербејџан. Договорот е вреден околу 1,6 милијарди долари. Според ирзаелските власти, на договорот се работело некое време и тој не е одговор на програмата за нуклеарен развој на Иран и нема врска со последните обиди од страна на ирански агенти да убијат израелски дипломати во Индија, Тајланд, Грузија и Азербејџан.
Министерство за надворешни работи на Иран претходно ги обвини властите во Азербејџан дека дозволиле ирзаелски шпиони да работат во Баку. Иран и Азербејџан, делат повеќе од 600 километри заедничка граница.
XS
SM
MD
LG