Достапни линкови

САД се уште го оценуваат случајот против странските активисти во Египет


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон изјави денеска во Мароко дека американските власти се уште го оценуваат она што се случи во судницата во Каиро. Според неа одложувањето на судењето може да обезбеди повеќе време за ситуацијата да се реши на дипломатски начин.
Египскиот суд донесе одлука да го одложи судењето на продемократските активисти обвинети дека нелегално се финансирале од странство. Шеснаесет американски државјани, се меѓу четириесет и тројцата обвинети, а ќе им се суди и на активисти од Египет, Германија, Палестина, како и Норвешка и Србија.
XS
SM
MD
LG