Достапни линкови

Премиерот Груевски побара прошка од граѓаните


Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски им го честита на граѓаните христијанскиот празник Прочка. Тој при посетата на соборниот храм „Свети Климент Охридски“ побара да му простат сите на кои нешто им згрешил.
Груевски изјави дека иако е свесен дека работи со исправни цели и вредности и сака да го постигне најдобро за сите граѓани и државата, сепак човек кој што толку многу работи е доведен во ситуација да носи брзи одлуки и не може да не згреши.
XS
SM
MD
LG