Достапни линкови

Одбележани осум години од смртта на Трајковски


Поранешниот македонски претседател Борис Трајковски

Поранешниот македонски претседател Борис Трајковски

Министерот за одбрана Фатмир Бесими на одбележувањето на осумгодишнината од смртта на поранешниот македонски претседател Борис Трајковски го опиша како личност која безрезервно и несебично се посвети на својата таковина. Трајковски беше вистински народен човек и работеше на развивањето на регионалната и меѓународната соработка. Според Бесими, тој веруваше дека сите граѓани на Македонија без разлика на своето етничко и релиозно потекло, можат да живеат во заедничка хармонија.
Трајковски заедно со македонската делегација и членови на екипажот загинаа во авионска несреќа кај Ротимље во близина на Мостар.
XS
SM
MD
LG