Достапни линкови

Одбележување на осумгодишнината од смртта на Трајковски


Поранешниот македонски претседател Борис Трајковски

Поранешниот македонски претседател Борис Трајковски

Денеска ќе биде одбележана осумгодишнината од авионската несреќа кај Ротимље, Мостар, Босна и Херцеговија, во која загинаа претседателот на Македонија Борис Трајковски и членовите на делегацијата и екипажот.
Во Ротимље ќе присуствува македонска - делегација предводена од министерот за одбрана Фатмир Бесими, во чиј состав се и министерот за образование и наука Панче Кралев, генерал-мајор Зоран Димов и Мирко Крстевски, претставник од семејствата на загинатите.
Делегација од Собранието и од Владата ќе положи цвеќе на гробот на Борис Трајковски во Алејата на великаните на градските гробишта во Бутел и на гробовите на другите загинати.
XS
SM
MD
LG