Достапни линкови

Во бомбашки напад во Јемен, 25 жртви


Новиот претседател на Јемен, Абер Рабо Мансур Хади

Новиот претседател на Јемен, Абер Рабо Мансур Хади

Најмалку 25 луѓе загинаа во експлозија на автомобил-бомба пред еден претседателски комплекс во јужниот дел на Јемен. Бомбата експлодирала пред портите на претседателската резиденција во време кога чуварите биле на ручек. Експлозијата се случила во време кога новиот јеменски претседател Абер Рабо Мансур Хади положи свечена заклетва на функцијата. Тој доаѓа на местото на Али Абдула Салех, кој си замина од функцијата по 33 години на власт. Хади му беше потпретседател на Салех. Салех си замина од власт по една година протестии и политички превирања во земјата.
XS
SM
MD
LG