Достапни линкови

Хрватскиот претседател го поздрави договорот Белград- Приштина


Претседателот на Хрватска, Иво Јосиповиќ денеска го поздрави договорот постигнат во дијалогот меѓу Белград и Приштина, оценувајќи дека тој ќе даде дополнителен стимул за европската интеграција на сите земји во регионот.

„Подготвеноста за компромис е услов за мир, стабилност, развој и напредок. Хрватска ја гледа европската иднина на целиот регионот како свој сопствен интерес. Хрватска е и ќе биде партнер на сите држави во регионот на нивниот европски пат за доброто и на регионот и на Европската унија“, рече Јосиповиќ.

Преговарачките тимови на Белград и Приштина вчера во Брисел постигнаа договор за регионалното претставување на Косово и договор за интегрирано управување со премините на границата меѓу Косово и Србија.
XS
SM
MD
LG