Достапни линкови

МВР: Македонија транзитна зона за мигранти од Азија и Африка


Имигранти од Авганистан во село Лојане

Имигранти од Авганистан во село Лојане

Во годишниот извештај на МВР за криумчарње мигранти, се наведува дека минатата година воглавно се криумчарени мигранти со потекло од Блискиот и Далечниот Исток и земјите од Африка, кои Македонија ја користеле само заради транзит, а нивната крајна цел била некоја од западните земји. Мал е бројот на мигранти кои останувале во нашата земја, односно девет албански и две српски државјанки се криумчарени во внатрешноста на нашата земја заради вработување.

Од Министерството минатата година окриле 173 мигранти, од кои 33 се авганистански, 18 пакистански, по 11 сомалиски и марокански, девет албански, по четири ирачки и косовски, две српски и по еден алжирски, либиски и туниски државјанин, додека во случајот реализиран од ЦСОСК прокриумчарени се 78 авганистански, пакистански и други мигранти.
Изминатата година откриени се и неколку дела „трговија со малолетно лице“.
XS
SM
MD
LG