Достапни линкови

Груевски: Со лустрацијата треба да се стави крај на едно црно минато


Премиерот Никола Груевски.

Премиерот Никола Груевски.

ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од процесот на лустрација. Според премиерот Никола Груевски, кој најави измени на законот треба да се стави крај на едно црно минато за да може да се чекори напред.

„Лустрацијата е како човек со гордо крената глава, а да има боцки во нозете. Ние почнавме да ги вадиме тие боцки, но некои од нив се чини дека се длабоко влезени и ќе треба повеќе работа и повеќе ангажман и малку сериозен отпор, бидејќи гледате со каков отпор се соочуваме со реакции на уставни судови, реакции на многу моќници, изјави денеска премиерот Никола Груевски.

Во врска со изјавата на грчкиот министер дека треба да се реши името па Македонија да влезе во НАТО рече дека ќе се воздржи од коментар до претстојната средба со премиерот Лукас Пападемос.

За процесот на декриминализација на клеветата, Груевски изјави дека треба да почеа како ќе заврши диајлогот и доколку успешно се заврши ќе биде добро за сите тој да оди паралелно не само со декриминализација, туку со поголема професионализација на новинарите и поголемо чувство на одговорност и професионалност на секој новинар.
XS
SM
MD
LG