Достапни линкови

Анти Путин демонстрации во Санкт Петерсбург


Илјадници демонстранти се собраа денеска во центарот на Санкт Петерсбург за да протестираат против кандидатурата на Владимир Путин на претседателските избори кои треба да се одржат следната недела.
Демонстрантите пред да се соберат на плоштадот маршираа низ улиците на градот носејки транспаренти со анти-Путин слогани. Иако има големо полициско присуство, досега нема извештаи за апсење на собирот, бидејќи демонстрантите добија официјална дозвола да протестираат. Путин, кој веќе беше претседател од 2000 до 2008, се очекува повторно да победи на изборите на 4 март.
XS
SM
MD
LG