Достапни линкови

УЈП од почетокот на месецот затворени 300 објекти


Управата за јавни приходи во текот на овој месец затвори 300 објекти во земјава за неиздавање фискални сметки. Во вчерашната контрола се затворени 62 објекти при што најголемиот дел 18 даночни обврзници се во Кичево.
Последните даночни контроли покажале дека сивата економија е најприсутна кај трговијата на мало и услужните дејности.
Според УЈП поголемиот дел од затворените објекти регистрираат од 50 до 60 насто од вистинскиот промет, а некои дури и ангажираат чувари кои треба да ја спречат даночната инспекција во вршењето на контролите. Исто така, регистрирани се случаи кога самите сопственици не овозможиле увид во финансиската документација или пак на веќе затворените објекти самоиницијативно ги отстраниле печатите и лентите на УЈП, што претставува кривично дело и за нив се поднесени кривични пријави, се наведува во соопштението на Управата за јавни приходи
XS
SM
MD
LG