Достапни линкови

МНР го поздрави договорот Белград и Приштина


Министерството за надворешни работи на Република Македонија го поздравува постигнатиот договор меѓу српските и косовските преговарачи во Брисел, за претставување на Косово на состаноците на регионалните иницијативи, како и за начините за спроведување на Спогодбата за интегрирано гранично управување.
Постигнатиот договор меѓу Белград и Приштина под покровителство на Европската унија, како што се посочува во денешното соопштение од МНР, е во насока на унапредување и зајакнување на стабилноста и соработката во регионот, но и конкретен пример дека преку директен и конструктивен дијалог може да се решат сите отворени прашања, кои ги засегаат земјите во регионот.
- Истовремено, договорот отвора нови можности за придвижување на Србија и на Косово кон европските интеграции. Овој позитивен моментум во регионот треба да биде искористен и за конечно отпочнување на пристапните преговори за членство на Република Македонија во Европската унија, се вели во соопштението од МНР.
Република Македонија изразува подготвеност за размена на искуствата и за унапредување на регионалната соработка, во духот на добрососедските односи и пријателство.
XS
SM
MD
LG