Достапни линкови

ДУИ: договорот Приштина - Белград потик за регионот


Демократската унија за интеграција го поздрави договорот постигнат во Брисел помеѓу Република Косово и Србија, кој го оценува како мошне значаен за Косово и Регионот.
„Договорот, координиран со нашите пријатели во Брисел и Вашингтон, ги поставува темелите на обострани меѓудржавни односи помеѓу Република Косово и Србија, но истовремено придонесува кон оддржлив мир заедно со стабилен и сигурен регион. Денеска, Косово е признаено од Србија што истовремено го отвара патот за признавање и од другите членки на Европската Унија што се уште го немаат превземено овој чекор“, се вели во денешното соопштение од ДУИ.
Овој билатерален договор со меѓународна гаранција, сметаат од партијата, затвора едно од најбитните прашања што ги држеше во заложништво евроатлантските интегративни процеси на регионот и служи како поттик за затварање и на други отворени прашања помеѓу соседите на западен Балкан
XS
SM
MD
LG