Достапни линкови

logo-print

Ходорковски апелира русите да не гласаат за Путин


Затворениот руски тајкун Михаил Ходорковски побара од русите да не гласаат за претседателскиот фаворит Владимир Путин на изборите на 4 март. Во писмениот одговор на прашањата што Радио Слободна Европа ги испрати преку неговите адвокати тој вели дека русите би требало да гласаат за другите кандидати, без да прецизира за кои. Михаил Ходорковски, поранешен извршен директор на нафтениот гигант Јукос, е во затвор уште од 2003 година. Тој првично беше обвинет за даночна измама, а во минатата година е обвинет и за парична проневера. Тој би можело да биде во затвор до 2017 година.
XS
SM
MD
LG