Достапни линкови

logo-print

Тачи: Косово од денеска со своето име


Премиерот на Косово Хашим Тачи

Премиерот на Косово Хашим Тачи

Премиерот на Косово Хашим Тачи денеска оцени дека договорите постигнати во Брисел се исклучително значајни и оти со нив Косово доби меѓународен државен субјективитет. На вонредната прес конференција, по договорот за регионалното претставување, Тачи прецизира дека станува збор за отворање на патот за либерализација на визите и на трговските односи, односно почеток на кососвкиот процес за стабилицазија и асоцијација со Европската унија. Според договореното, Косово ќе биде претставено како Косово, но со фуснота во согласност со резолуцијата 1244 и со наведување на советодавното мислење на Меѓународниот суд на правдата. Постигнат е договор и за интегрирана контрола на граничните премини.
XS
SM
MD
LG