Достапни линкови

logo-print

ТМ - Македонија ја губи битката со корупцијата


Околу една милијарда евра годишно „летаат“ на корупција.

Околу една милијарда евра годишно „летаат“ на корупција.

Граѓаните на Македонија годишно плаќаат една милијарда евра за мито, велат во Транспарентност Македонија.

Извештајот за состојбата во борбата против корупцијата и криминалот и состојбата со транспарентноста во општеството во 2011 година дава пресек на најважните настани во повеќе области. Првата тема на извештајот се однесува на демократијата и преку овој дел Транспарентност Македонија предупредува дека во земјава неколку години владее антикорупциски молк.
Во 2011 година Македонија беше и на сите релевантни црни листи, коишто се занимаваат со истражување на состојбата со медиумите и за жал на сите им станува јасно дека ваквата грда слика е резултат на авторитарниот начин на владеење.

„Граѓаните на Македонија годишно плаќаат една милијарда евра за мито. Исто така, според годишниот извештај на Државниот завод за ревизија за 2010 година за набљудуваните расходи на 169 институции во вредност од околу 1,5 милијарди евра, ревизорите дале негативно мислење за 500 милиони евра“, вели Ана Јаневска Делева, извршен директор во Транспарентност Македонија.
ранспарентност Македонија, лого.

ранспарентност Македонија, лого.


Ваквата ситуација наведува на тоа дека Македонија, полека, но сигурно ја губи битката со корупцијата, оценува таа. Втората тема е посветена на медиумите каде што се констатира дека продолжуваат исклучително негативните трендови и оти тие влијаат мошне негативно на сосотојбите со транспарентноста во државата.
Врвот на злоупотребите произлезе од конечниот извештај на Државниот завод за ревизија за општина Центар, со кој официјално се потврдија сомневањата за незаконско трошење на народните пари на мегаломанскиот проект Скопје 2014.

„Во 2011 година Македонија беше и на сите релевантни црни листи, коишто се занимаваат со истражување на состојбата со медиумите и за жал на сите им станува јасно дека ваквата грда слика е резултат на авторитарниот начин на владеење.“

Според Транспарентност, ваквите состојби се резулатат на селективна примена на правните и финансиските мерки, на селективно и нетранспарентно дистрибуирање на големи финансиски средства од државните фондови за маркетиншка поддршка на одредени медиуми, како и на силни заемни врски меѓу елитата на власта и некои од најкрупните медиумски сопственици.

Транспарентност Македонија ја следи состојбата во шесте антикорупциски столбови – економскиот и финансискиот систем, политичкиот систем, јавната администрација, медиумите, институциите надлежни за надзор и граѓанскиот сектор.

„Не остана имуна оваа година ниту локалната самоуправа и врвот на злоупотребите произлезе од конечниот извештај на Државниот завод за ревизија за општина Центар, со кој официјално се потврдија сомневањата за незаконско трошење на народните пари на мегаломанскиот проект Скопје 2014.“

На крајот од извештајот, Транспарентност Македонија препорачува дека има потреба да се воспостават антикорупциски механизми на сите нивоа на власта и укажува оти за успех не се доволни само спектакуларни апсења и масовно притворање и прислушување граѓани.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG