Достапни линкови

На чекор до декриминализација на клеветата


Владата и ЗНМ постигнаа согласност за декриминализација на клевета.
Владата и ЗНМ постигнаа согласност за декриминализација на клевета.

Владата и ЗНМ постигнаа согласност клеветата и навредата да бидат тргнати од Кривичниот законик, а оваа материја да се регулира со посебен граѓански закон.

ЗНМ и Владата се на чекор до декриминализација на клеветата и навредата. Сега се пеглаат одредени ставови, како тоа колку да изнесува паричната казна, како да се дефинира навредата, но од ЗНМ и од Владата најавуваат дека за една недела ќе излезат со конкретен текст на законот.
Клеветата и навредата се бришат од кривичниот законик, ќе се регулираат со посебен граѓански закон, имаме начелен став дека казната треба да се ограничи, прашање на договор е колку ќе биде казната.
Насер Селмани,ЗНМ.

По низата состаноци меѓу преставници на Владата и новинарите, претседателот на ЗНМ, Насер Селмани изјави дека иако на моменти преговорите биле во криза, преовладало тоа дека мора да се најде решение.

„Клеветата и навредата се бришат од кривичниот законик, ќе се регулираат со посебен граѓански закон, имаме начелен став дека казната треба да се ограничи, прашање на договор е колку ќе биде казната.“

Вицепремиерката за евроинтеграции Теута Арифи, која е владин преставник во дијалогот
Еден од состаноците Влада-ЗНМ, декември 2011
Еден од состаноците Влада-ЗНМ, декември 2011
, вели дека целиот процес резултирал со приближување на ставовите.

„Заеднички како Влада и ЗНМ дадовме се од себе овој процес да се унапреди и да биде во рамки на стандардите и барањата на Европската унија.“

Со Законот кој засега се вика Закон за граѓанска одговорност за клевета и
Заеднички како Влада и ЗНМ дадовме се од себе овој процес да се унапреди и да биде во рамки на стандардите и барањата на Европската унија.
Теута Арифи, Вицепремиерка за евроинтеграции.
навреда се укинува казната затвор која за клевета изнесуваше до 3 години, а за навреда до една година затвор, што значи дека според новиот закон, ако некој новинар биде осуден за клевета или навреда, нема да биде криминалец и тоа нема да му влегува во досие.

Од ЗНМ велат дека треба уште да се договорат колку ќе изнесува казната. Тие бараат да биде ограничена на просечни плати и одговорноста да биде поделена меѓу новинарот, уредникот и сопственикот. Во моментов во судовите се водат 167 процеси против новинари за клевета и навреда. Тие случаи ќе бидат прекинати и ќе се префрлат во граѓанска постапка. Ќе биде ограничен и процесот, за да не трае долго и со тоа да се врши дополнителен притисок врз новинарот.

Со новиот закон се редефинира клеветата и наместо како што беше досега некој да се казнува за изрекување на невистинити нешта, сега ќе биде за невистинити факти. Се уште не е дефинирано што ќе се подразбира под навреда. Од ЗНМ велат дека новиот закон треба да ги направи новинарите поодговорни.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG