Достапни линкови

logo-print

Родителите да се едуцираат за децата да не се тепаат


Илустрација.

Илустрација.

За да се спречат меѓуетничките тепачки меѓу учениците, треба да се едуцираат родителите, советуваат експертите.

Преку зголемено присуство на полицајци на „критичните места“ и преземање на сите потребни мерки полицијата се обидува да ги спречи инцидентите меѓу учениците со различна етничка припадност кои постојано се повторуваат.
Инспекторите кои се задолжени за превенција постојано се присутни на терен, даваат сугестии и совети до локалното население во однос на спречување на некакви несакани појави, но служат и како врска помеѓу локалното население и полицијата.

„Освен репресивните мерки, МВР презема и превентивни мерки. Имено, инспекторите кои се задолжени за превенција постојано се присутни на терен, даваат сугестии и совети до локалното население во однос на спречување на некакви несакани појави, но служат и како врска помеѓу локалното население и полицијата во однос на одредени забелешки коишто ги имаат граѓаните, за директно да бидат пренесени на полицијата“, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Иво Котевски.
Младите се само огледало на тоа што старите го прават, вели универзитескиот професор Мирјана Најчевска.

Младите се само огледало на тоа што старите го прават, вели универзитескиот професор Мирјана Најчевска.


МВР го спроведува и проектот „Полицијата и учениците се дружат“, преку кој се именува по еден полициски службеник задолжен за одредено училиште и на тој начин им стоиме на располагање на учениците 24 часа на ден, вели Котевски.
Ако родителот дојде дома и каже, еве јас го изгубив работното место затоа што го вработија тој и тој затоа што е Албанец или Ром или Турчин или слично. Детето на посебен начин ги преработува тие информации и бурно реагира.

Последната тепачка меѓу средношколци Македонци и Албанци во автобус, а во која е повреден еден ученик, повторно го отвори прашањето за влијанието на политиката врз меѓуетничките односи. За да се намалат или избегнат ваквите непријатни настани, упатените сугерираат дека е потребно едукативно да се влијае врз свеста на возрасните, а не на младите. Во атмосфера во која меѓуетничките односи претставуваат една од основните алатки за партиско надмудрување, младите се само огледало на тоа што старите го прават, вели универзитескиот професор Мирјана Најчевска.

„Се додека не го сфатиме тоа и не почнеме системски да делуваме во насока на менување на се она што претставуваат меѓуетнички односи во Македонија, не може да очекуваме промена во однесувањето на младите.“
Градските автобуси - мегдан за меѓуетнички тепачки.

Градските автобуси - мегдан за меѓуетнички тепачки.


Во општество во кое постојано се акцентираат различностите и во кое вредностите се изместени, нормално е да очекувате такви тензии. Младите, вели политичкиот аналитичар Ким Мехмети, се само поискрени од постарите и имаат храброст да го покажат тоа што не им се допаѓа.
Во Америка и расизмот се успеа да се надмине, но знаете како, во филмовите не се појавува обоениот секогаш во улогата на негативец, така што тоа се прави темелно, не се прави екцесно, само кога ќе ви се случи тепачка во автобус па ајде два-три дена дека ние сме браќа по не знам што.

„Во Македонија постојат два паралелни света коишто не комуницираат меѓу себе и во такви случаи нормално дека се поставува прашањето и колку институционално тука се работи да се зближат тие граѓани што живеат во една земја кои се различни по јазик и по некои други нивни засебности.“

Најчевска посочува дека и родителите имаат големо влијание врз однесувањето на младите надвор од дома. Потребно е вели таа да се влијае на едукацијата на своите деца.

„Ако родителот дојде дома и каже, еве јас го изгубив работното место затоа што го вработија тој и тој затоа што е Албанец или Ром или Турчин или слично. Детето на посебен начин ги преработува тие информации и бурно реагира.“

И според мислењето на Мехмети ваквите инциденти можат да се избегнат ако општеството системски и темелно влијае на свеста на граѓаните.

„Во Америка и расизмот се успеа да се надмине, но знаете како, во филмовите не се појавува обоениот секогаш во улогата на негативец, така што тоа се прави темелно, не се прави екцесно, само кога ќе ви се случи тепачка во автобус па ајде два-три дена дека ние сме браќа по не знам што.“

Ова не е првпат ученици од различна етничка припадност да се степаат во автобус. Во најголемиот број случаи, инцидентот започнува со вербална расправија и меѓусебни навреди, по што следува и физичка пресметка.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG